Од инкузивни идентитети на едно инкузивно општество:

Преглед на социјален составен идентитет кај младите на Западен Балкан

 

  • Home
  • Информации за проектот

Информации за проектот

Многу социо-психолошки истражувања во последно време континуирано потврдуваат една силна врска меѓу идентитетите на индивидуите вклучени кон инклузивното општество (Bodenhausen, 2010). Никогаш не е доволна промоцијата на еднаквостите и социјалните вклучувања, треба да се создаде една адекватна клима за успешна имплементација на таквите политики. Самото информирање на луѓето за потребата за надминување на етничките бариери и верските поделби претежно нема ефикасност во промената на нивното однесување наспроти - потребна е подлабока интервенција да се третира начинот како тие се гледаат себеси; не на еднодимензионален начин - едноставно како член на една група - туку на поопфатен начин, со слободата да се идентификуваат со повеќе групи. Политиките кои влијаат кај младите ( на пример Националната или Регионалната стратегија за младите од сите земји) сите промовираат еднаквост во група, вклучување и граѓанска активност, но на крајот, многу ретко се третира прашањето на идентитетот. За да се зголеми обостраната регионална кохезија како и во самата земја, потребно е да се негува поинклузивен етнички и верски идентитет, но исто така и алтернативни идентитети (европски, регионален, пол, поткултурни) освен етнички и верски. Еден важен начин за тоа е јасната дефиниција на условите кои го потхрануваат Социјалниот мешан идентитет (SIC). Како што и докажуваат студиите луѓе со социјален мешан идентитет манифестираат повисока меѓугрупна толеранција, тие се поподготвени да се истакнат на волонтерски начин и да се поактивни од социјален аспект, но исто така има шанси да ги прифатат и соодветните социјални политики кон исклучените групи.

Овој проект има за цел собирање на информации кои ќе послужат како камен- темелник за креирање на соодветни програми и политики кои ќе ја третираат нееднаквоста преку промоцијата на еден покомплексен начин како младите се гледаат себеси во Западен Балкан. Актуелната студија ќе се изгради од резултатите на една претходна студија која е во врска со расплетот и структурата на социјалниот идентитет како и неговата корелација. Со истражување на ова прашање во посебен контекст на Западен Балкан, ние ќе се потрудиме да откриеме и да ги разбереме начините со кои можеме да влијаеме во расплетување на социјалниот идентитет како и да ги промовираме нивните корисни ефекти. Во фокусот на нашите студии ќе бидат младите, за кои ние мислиме дека претставуваат еден од најважните извори на нашиот регион во поттикот на социјалните промени. Овие генерации немале активна улога во војните и конфликтите кои се случија во 90-тите години во овој регион, затоа има големи шанси тие да посакуваат да го остават зад себе минатото и да работат за развојот на овој регион во иднина.

Ние развивме еден комплексен студиски план со цел да ја истражиме подлабоко предноста и последиците на Социјалниот мешан идентитет (SIC). Планираме да анкетираме вкупно 800 млади од 4 земји, со двата статуса - мнозинство и малцинство - исто така да направиме 8 фокусни групи, 8 студиски случаи и да понудиме едно тестирање преку интернет за да ги собереме дополнителните информации.

Проектот е поддржан во рамките на Програмата за промоција на регионалните студии во Западен Балкан (RRPP) кој се менаџира од Универзитетот на Фрибутрг, под покровителство на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Федералниот оддел за надворешни работи

Главната институција: Филозофски факултет, Универзитетот во Белград, Србија.

Координатор на проектот: Небојша Петровиќ.и Ирис Жежељ

Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери:

Филозофски факултет, Универзитетот во Бања Лука, Босна и Херцеговина

Училиште за наука и технологија во Сараево, Босна и Херцеговина

Независни истражувачи од Македонија

Независни истражувачи од Косово

Времетраење: 18 месеци

Вредност: 195 796 швајцарски франци

             

 

Проектот е поддржан во рамките на Програмата за промоција на регионалните студии во Западен Балкан (RRPP) кој се менаџира од Универзитетот на Фрибутрг, под покровителство на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Федералниот оддел за надворешни работи  

Regional Research Promotion Programme in the Western Balkans