Информативен договор за согласност: Учество во прашалникот за социјалниот идентитет

Ви благодариме за покажаниот интерес во пополнувањето на овој прашалник!

Прашалникот се состои од задача во која што Ве прашуваме да одлучите дали различни лица ѝ припаѓаат на Вашата група или не. Дополнително, од Вас бараме неколку лични информации (Вашиот пол, националност, државјанство). За пополнување на целиот прашалникот ќе Ви бидат потребни околу 5 минути.

Сите информации кои ќе ни ги доставите, ќе бидат третирани како доверливи и ќе се користат исклучиво само за научни истражувања. Анкетата е анонимна – никогаш од Вас не бараме да ни го кажете Вашето име.

На крајот на прашалникот, ќе добиете краток одговор во кој ќе бидат опишани Вашите резултати од задачата. Затоа е важно да го пополните прашалникот сериозно и искрено, за да добиете релевантен одговор.

Учеството е доброволна и можете да го прекинете во секое време со затворање на прозорецот на прашалникот.

Доколку имате било какви прашања во врска со нашата студија, слободно можете да нè контактирате на info@sibyouth.org.

Со кликнување на копчето подолу, се согласувате дека ја прочитавте Информативната Изјавата за Согласност, која се наоѓа погоре и дека се согласувате да учествувате во ова анкета.

Го прочитав описот и условите на прашалникот и подготвен/а сум да продолжам.

Ве молиме притиснете "Продолжи" кога ќе бидете подготвени да започнете!

* Напомена: формулација "грађани Косова" не подразумева став о државном статусу Косова.
Мушки
Женски

Сега ќе ви прикажеме серија карти. На секоја карта ќе видите слика/фигура од маж, односно жена во вид на сенка.

Ваша задача е да ги погледнете картите и да одговорите со притискање на копчето НАС (Е копче на тастатурата) или НИВ (И копче на тастатурата). Доколку сметате дека тоа лице припаѓа на вашата група, односно е еден/на од НАС, тогаш притиснете го копчето НАС (Е копче); во спротивно, доколку сметате дека тоа лице НЕ припаѓа на вашата група, тогаш кликнете на копчето НИВ (И копче).

За да видите како изгледаат овие карти, ќе ви прикажеме неколку како пример – затоа, не можете да притиската на нив. Потоа, во следниот дел ќе можете да продолжите со одговарање.

Овие лица и нивните карактеристики се земени со нивна дозвола од Државниот завод за статистика.

Напомена: формулација "грађани Косова" не подразумева став о државном статусу Косова.

Сега кога знаете како изгледаат Картите, Ваша задача е да ги разгледате овие Карти на Идентитет и да одговорите со кликнување на копчето НАС (Е копче на тастатурата) или НИВ (И копче на тастатурата).

Доколку сметате дека тоа лице припаѓа на вашата група, односно е еден/на од НАС, тогаш притиснете го копчето НАС (Е копче); во спротивно, доколку сметате дека тоа лице НЕ припаѓа на вашата група, тогаш кликнете на копчето НИВ (И копче).

Ве потсетуваме нема точни и погрешни одговори. Тоа што е важно е да ги оцените Картите на Идентитет врз основа на тоа како МИСЛИТЕ или ЧУВСТВУВАТЕ дека тие припаѓаат. Исто така, не е важно колку карти ќе изберете како НАС или НИВ.